Почетна
Македонија

Заврши изградбата на катната гаража кај „Промаја“ во Штип, капацитет 50 коли

Монтажната гаража покрај „Промаја“ е со три нивоа и има капацитет за 50 возила; Општина Штип најавува уште една со 90 места до крајот на годината.

·Македонија
Заврши изградбата на катната гаража кај „Промаја“ во Штип, капацитет 50 коли

Заврши изградбата на монтажната катна гаража кај зградата „Промаја“ во Штип. Станува збор за трет објект од ваков тип во централното градско подрачје.

Три нивоа, 50 паркинг места

Гаражата е поставена на парцела што претходно беше напуштен простор и служеше како мала депонија; конфигурацијата на теренот овозможи изградба на објект со три нивоа, за разлика од првите две катни гаражи во центарот кои имаат по две нивоа. Вкупниот капацитет е 50 возила.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, оценува дека со овој проект е искористен заборавен простор и дека се зголемува организираниот паркинг во центарот на градот.

„Инвестицијата изнесува над 20 милиони денари (330.000 евра). Општина Штип планира до крајот на оваа година да започне изградба на уште една катна гаража со 90 места. Ќе се гради кај стариот Здравствен дом или зад административната зграда на Општина Штип. Со тоа, централното градско подрачје ќе располага со над 300 паркинг места само во катните гаражи“, вели Јорданов.

Општината наведува дека новиот објект е дел од поширока стратегија за намалување на проблемот со паркирањето во централното подрачје и дека следниот проект, доколку започне според планираниот рок, значително ќе ја зголеми понудата на организирани паркинзи во градот.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи