Почетна
Македонија

Земјоделците порачуваат: Бојкотот и мораториумот на неодреден период продолжува!

Организацијата ја намалува домашната активност и најавува фокус на меѓународни проекти поради, како што велат, игнорирање од институциите.

·Македонија
Земјоделците порачуваат: Бојкотот и мораториумот на неодреден период продолжува!

Националната земјоделска мрежа соопшти дека ги сведува своите активности на минимум и дека бојкотот и мораториумот, кој започна од почетокот на овој месец, ќе продолжат на неодреден период.

Земјоделците се повлекуваат од домашниот притисок и бараат меѓународна соработка

Во образложението за одлуката, организацијата наведува: "Доста беше борба со затворени врати и институционален ѕид". Претседателот Ѓорѓи Каракашев објасни дека решението е последица на континуирано непочитување од страна на институциите.

"Игнорирањето на нашите гласови од страна на институциите е директен доказ дека земјоделството и земјоделците се сведени на нула и се туркани на маргините на општеството , затоа одлучивме тој молк да не го трпиме повеќе , бидејќи п оследиците од оваа негрижа директно уд и раат по стандард от на секој граѓанин и го загрозуваат елементарниот опстанок на нашите семејства ," додава Каракашев.

Во изминатиот период Националната земјоделска мрежа континуирано алармира дека македонскиот аграр се соочува со една од најтешките и најкритични кризи во поновата историја и повикува гласот на земјоделецот да се слушне.

Со спортениот бојкот на домашниот фронт, мрежата најави дека ќе се фокусира на реални проекти и на градење цврста соработка со меѓународни сродни организации кои ја разбираат вредноста на земјоделецот. Организацијата не даде точен датум за прекин на мораториумот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи