Почетна
Македонија

Земјоделство бара КЗК да испита дали има картелско здружување кај откупувачите на овошје и зеленчук

Иницијативата до Комисијата за заштита од конкуренција се повикува на Законот за нефер трговски практики за можна картелска постапка.

·Македонија
Земјоделство бара КЗК да испита дали има картелско здружување кај откупувачите на овошје и зеленчук

Министерството за земјоделство побара од Комисијата за заштита од конкуренција да испита дали откупувачите на овошје и зеленчук имаат усогласени договори и дали го диктираат откупот и продажните цени, поради жалби на граѓани за големата разлика меѓу откупната и продажната цена.

Иницијативата ќе биде поднесена поради сомневања за картел и правилата за нефер трговски практики

Министерството најави дека ќе поднесе формална иницијатива до Комисијата за заштита од конкуренција во која ќе побара, согласно Законот за нефер трговски практики, да се испита принципот на откуп на земјоделски производи и овошје и дали постои евентуално картелско здружување меѓу откупувачите.

Министерот за земјоделство Серафимовски како основа за чекорите ги посочи теренските средби и контактите со учесниците во ланецот на снабдување: " Изминативе педесет дена како сум министер, поминав 90 отсто до своето време на терен. Остварив милион средби и со земјоделците и со откупувачите и со преработувачите,. Прекомлицирана и преогромна е оваа тема и таа мора да се спои, да сфатат еднаш дека сите заедно мора да учествуваат транспарентно отворено и фер во овој процес и да излегува резултат кој ќе биде добар за сите. Овие состојби кои ги имаме сега, ако вака продолжат, ќе имаме иста проблематика и наредната година ", изјави министерот.

Министерот за економија Бесар Дурмиши оцени дека цените во маркетите се стабилни и дека се чекаат извештаите за август од Државниот завод за статистика и од пазарната инспекција. " Кога ќе излезат податоците од статистика и од пазарната инспекција ќе ја известиме јавноста. Да не сер повторуваме, како во минатото, така и сега ќе ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање ако има економски неоправдано зголемување на цените на прехранбените производи или девијантно однесување на трговците" , кажа Бесар Дурмиши, министер за економија.

Дурмиши додаде дека евентуални мерки за ублажување на ценовниот шок кај нафтените деривати, како намалување на ДДВ-то, ќе бидат разгледувани на седница на Владата откако ќе реферира министерот за финансии.

Министерот за економија исто така потпиша меморандум за соработка со министерот за труд на Катар, Ал Мари, кој предвидува размена на искуства и добри практики во областа на работните односи, инспекцијата на трудот, безбедноста и здравјето при работа, како и размена на мислења и експертиза при унапредување на законодавството во областа на трудот. Катар искажа интерес за работа во трите области: образование, здравство и ИТ секторот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи